„Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а најмалку за демократски избран шеф на држава на суверена држава“, се наведува во пишаната изјава од евроамбасадорот Дејвид Гир кој ја осудува изјавата на европратеникот, Ангел Џамбаски, за македонскиот претседател Стево Пендаровски.
Џамбаски му се закани на Пендаровски – спомнува атентати од минатото
За изјавите на европратеникот кои одразуваат територијални претензии, Гир рече дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградиле од нив. Вели дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.
Џамбаски вчера индиректно му се закани со атентат на претседателот Стево Пендаровски, кога на повиците да му се забрани влез во државата, одговори со споменување на некогашниот југословенски крал Александар Караѓорѓевиќ.







