Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово добива мурал со ликот на македонскиот великан

На ѕидот на кумановската гимназија „Гоце Делчев“ во тек е изработка на огромен мурал во чест на апостолот на македонската револуционерна борба.



„Гоце гордост наша!“, стои во објавата на Фејсбук од градоначалникот Максим Димитриевски, кој сподели фотографии од процесот на изработка на муралот со ликот на војводата од Кукуш и најмаркантна фигура на Македонската револуционерна организација.