Филипче: Сите клиники ќе примаат болни од корона

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека бројот на пациенти со коронавирус во болниците е 890 и дека поради натамошно експлозивно ширење на пандемијата се подготвуваат дополнителни капацитети.



„…сега практично целата зграда за интерни болести ќе биде наменета за третман на пациенти со КОВИД. Во овој момент се целосно исполнети капацитетите на Инфективната клиника, модуларната болница, исто така сега е во функција ставена институцијата Центар за белодробни болести…Гледајќи го напливот и притисокот се активираше овој план за интерните клиники од приземните спратови каде што се клиниките за дерматологија и неврологија, понатаму горните спратови кае што се клиниките за гастроентерохепатологија, ревматологија, и нефрологија, тука го имаме предвид и делот за дијализа, и во следен акт и клиниките за оториноларингологија и очни болести.

Според него, дополнителниот број на кревети кој што може да биде на располагање или ќе биде практично од утре е околу 150 и дополнителни 100 тина на клиниките за ОРЛ и очни болести.

„Во овој момент со капацитет од 100тина кревети работи болницата „8 Септември“ без пореметување на редовниот програм. Доколку се наметне потреба и таму може да се зголеми капацитетот за сместување на пациенти.