Чешката Република и Полска сопреа пратка за итно потребна медицинска опрема за Италија од Кина, пренесува италијанскиот весник Република.
Транспортот на заштитни маски и опрема беше запрен и запленет во Полска, а другиот во Чешка.
Првата испорака што пристигна од Кина беше 680.000 маски и респиратори, кои беа запленети од чешките цариници.
Конфискуваната опрема веќе е дистрибуирана во чешките болници, Според весникот, во Полска, цариниците заплениле и опрема наменета за Италија, во која имало 23.000 маски, пренесува Б92.
Италијанските власти официјално соопштија дека станува збор за „сериозен и апсурден случај“ .





