Ноќва, во 3 часот по полноќ стапува во сила зимското сметање на времето.



Стрелките на часовниците ги враќаме за еден час наназад односно од 3 на 2 часот.

Летното сметање на времето се користи за подобро усогласување помеѓу дневните часови и активните часови на работниците и студентите. ⬇⬇⬇

Поместувањето на стрелките, односно летното и зимско сметање на времето во Европа беше воведено во 1976 година на барање на Франција.

Идејата за промена на времето првпат дојде кај Бенџамин Френклин. Тој напиша писмо до уредникот на весникот „Пари журнал“ во 1784 година, сугерирајќи им на Парижаните да станат и да си легнат порано. ⬇⬇⬇

Во пракса, идејата беше спроведена од германската влада за време на Првата светска војна во периодот 30 април – 1 октомври 1916 година како мерка за заштеда на гориво во воена средина. Британија беше втората земја што воведе летно сметање на времето првично од 21 мај до 1 октомври 1916 година. САД го следеа примерот во 1918 година.