Пристаништата со контејнери во Југо-Источна Европа стануваат сè по поранливи на трговија со недозволени стоки, се вели во извештајот насловен „Порозни пристаништа: Истражување на поморските балкански патишта“, публикуван од Глобалната Иницијатива Против
Транснационалниот Организиран Криминал.
Истакнувајќи голем број големи заплени на кокаин, хероин и цигари од 2018 година па до ден денеска, авторите сугерираат дека традиционалниот „балкански пат“ за трговија преку копно се надополнува со поморски патишта кои стигнуваат до пристаништата во Јадранското, Егејското и Црното море.
„Се чини дека има промена во моделите и шемите на шверц “, изјави коавторот Волтер Кемп.
„Тоа веројатно е така поради мерките наменети за ограничување на миграциските текови и КОВИД; ефектот на поместување на големите заплени на кокаин во Белгија и Холандија; и прекинот предизвикан од војната во Украина, шеверцерите сега бараат алтернативни патишта.”
Големите заплени на кокаин – обичично задскриени во кутии со банани – во пристаништата како Драч (Албаниа), Плоче и Ријека (Хрватска) и Солун (Грција) предизвика сомнеж дека пристаништата во Југо-Источна Европа стануваат се поатрактивни за трговците со луѓе.
Овие констатции одат во прилог на големите заплени на хероин во пристаништата Констанца
(Романија), Копер (Словенија) и Варна (Бугарија), како и долгогодишниот проблем со шверцот на цигари, кој се одвива особено преку пристаништата Бар (Црна Гора) и Пиреја (Грција).
Базираните заклучоци се врз студија на случај за овие девет комерцијални пристаништа во регионот, а извештајот ги следи главните рути на трговија со луѓе и ги објаснува употребените техники за прикривање.
Извештајот го разгледува и екосистемот на пристаништата и нивните ранливости и ги опишува криминалните актери кои дејствуваат во и околу пристаништата.
„Во некои пристаништа, се чини дека постојат ќелии на криминални групи кои работат како дел од пошироки транснационални мрежи“, вели главниот автор Руџеро Скатуро.
„Неколку пристаништа се магнети за криминал, кои не само што ги привлекуваат локални
криминални групи туку ги привлекуваат и оние од земјите без море на кои им е потребен излез до морето.
Зголемените инвестиции во инфраструктурата ќе ги направат балканските
пристаништа попривлечни за бизнисот – законски и незаконски. Затоа е важно да се подобри безбедноста на регионалните пристаништа, како и да се зголеми соработката меѓу институциите за спроведување на законот долж поморските балкански рути“, додава тој.
Во извештајот се забележува дека безбедноста на пристаништата во југоисточна Европа е
подобрена во изминатата деценија поради поголемите инвестиции во технологијата,
усогласувањето со меѓународните безбедносни стандарди, како и поддршката и обуката од
организации како Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и ЕВРОПОЛ, и билатерална помош.
Но, како и во другите пристаништа низ светот, техничките подобрувања понекогаш се
поништуваат поради корупција.
Извештајот, истовремено, ја нагласува и ранливоста на реката Дунав од нелегална трговија.
„Се чини дека Дунав е „слепа точка“ и таа заслужува поголемо внимание, особено поради
потенцијалот за шверц на гориво“, вели Кемп.
„Заканата од нелегалните пазари околу Црното Море треба да поттикне поблиска регионална
соработка со главна цел а таа е за спроведување на законот“, предложи тој.
Авторите, дополнително, препорачуваат поголема соработка помеѓу управителите на
пристаништа, полициите, бродските компании и царинските агенции долж познатите рути на
нелегална трговија, на пример помеѓу Латинска Америка, Западна Европа и Западен Балкан.
„Треба да преминеме од само гледање на безбедноста на пристаништата кон следење и
нарушување на транснационалните текови“, заклучува Скатуро.
Глобалната Иницијатива против Транснационален Организиран Криминал (ГИ-ТОК) е мрежа на професионалци кои работат на првите редови ви битката против нелегалната економија и криминалот.
Преку глобалната мрежа на опсерватории на граѓанското општество за нелегалната економија, се следат трендовите и се работи на создавање докази за дејствување на јавните политики, дистрибуирајќи експертиза и катализирајќи мултисекторски и холистички одговори на цела низа видови на криминал.
Со Фондот за отпорност на Глобалната Иницијатива, се поддржуваат активистите на
локалните невладини организации кои работат во области каде е опфатен криминалот кој ги поткопува безбедноста, сигурноста и животните можности на луѓето.





