МВР и од ОЈО ГОКК, објавија детали за акцијата на ГП „Табановце“, за време на која биле биле пронајдени пари во кутија од цигари скриена под биро, како и во метален сад сместен во висечки ормар… полицајците при претресите биле проверувани и дали кријат пари во чорапите и чевлите, јавува „360 степени“
Осомничените земале поткуп за да пропуштаат лица без зелен картон, возачи без полномошно за возилото, без патни исправи или други задолжителни документи.
Четворица од 12-те пријавени ќе бидат под истрага на ОЈО ГОКК за злосторничко здружување и примање поткуп, додека другите ќе се гонат по скратена постапка за злоупотреба на службената положба.
Шестмина во притвор по акцијата кај ГП „Табановце“
Првоосомничен во истрагата е командирот што ги местел корумпираните полицајци да контролираат во кабините каде што има поголема фреквенција, а месечно тие му давале по 150 евра од „заработката“
Според сознанијата на МВР, групата организирано оперирала повеќе од две години, поточно од септември 2020 година.
Сите се вработени во Полициската станица за гранични проверки „Табановце“, еден од нив е командир, друг е заменик-командир, еден раководител на смена, а другите се полициски службеници и секој од нив имал точно определена улога. Сите се од Куманово, освен еден што е од Кратово, а се на возраст од 23 до 47 години.






