„Јас имам огромно разбирање за фрустрацијата која е присутна во однос на преговорите со Унијата. Токму затоа е важно, овој моментум, ова ново забрзување, зајакнатиот интерес на ЕУ, да се искористи и да не се изгуби дополнително време.
Се надевам дека овој следен чекор треба да се реализира“, изјави денеска австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, кој е во посета на земјава.
Македонија нема да пропадне од 3.000 Бугари во Уставот, вели Пендаровски
Запрашан дали ќе ја убедува опозицијата да гласа за уставни промени, авртрискиот претседател рече дека не би сакал премногу да се изјаснува во однос на внатрешно-политички прашања во Македонија.
Тој вели дека не треба да се драматизира поради внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав и најавишто ќе им порача на македонските пратеници:
„Во Парламентот ќе одржам говор и ќе ги замолам сите пратенички групи со длабоко размислување да постапат по ова прашање и да размислат, што стои долгорочно. Заштитата на малцинства во Македонија се подразбира, а поради следниот чекор, уставните измени, според мене не треба да се драматизира“, рече Ван дер Белен.






