Од средината на минатиот месец профилот на твитер на министерот на здравство беше времено блокиран од страна на „Твитер“ откако, наводно, ненамерно, при логирање бил внесен погрешен код за верификација.
Како што соопшти тогаш Министерството за здравство, оваа активност за социјалниот медиум беше причина да го ограничи профилот, но се работи на надминување на проблемот.
Се до вчера, корисниците сѐ уште можеа да „влезат“ на профилот, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа, но од денеска министерот Гилипче е „целосно турнат“ од социјалната мрежа јавува Радио Лидер.

Што е точната причина за уривањето на Филипче и кое од правилата на мрежата тој не ги почитувал Твитер не објавува.
Социјалните мрежи имаат повеќе стандарди поради кои може да бидат блокирани корисниците.
Дали Филипче ширел лажни вести, насилство, малтретирал други корисници или се работи за друг прекршен стандард засега не може да се каже со сигурност.
Кои се правилата и што се случуваше со Филипче на Твитер пред половина месец на овој текст:






