Утре (понеделник) со почеток од 18 часот, ве повикуваме на протест пред Владата, каде заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе повикаме на оставка и ОДГОВОРНОСТ од сите министри за здравство!
Оваа порака е дел од најавата на протестот која е споделена од повеќе личности меѓу кои и од инфлуенсерот Стефан Лазаров. Протестот е закажан за утре во 18 часот пред владата на Република Македонија.
,,Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години”, се вели во најавата на протестот за ,Скандалот со кражбата на лекови на онкологија кој не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!”.
Во најавата на протестот се додава:
Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!
1. Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.
2. Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева.
3. Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.
4. Бараме одговорност од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат Нухи
Линк до настанот организиран на Фејсбук на кој не се гледа кој точно е организатор на протестот.
https://m.facebook.com/events/812391910382640?view=permalink&id=812391923715972&mibextid=Nif5oz




