Мистериозен статус на посебниот советник на екс премиерот Заев за односи со јавност во кој се споменуваат фашисти и „софашисти“.
Еск специјалниот советник за медиуми на Заев Марјан Забрчанец а сега национален кординатор за стратегиски комуникации при владата која ја води техничкиот премиер Оливер Спасовски објави нејасен твит кој многумина го објаснуваат како негова реакција на бугарските обиди да се уценува Македонија да се откаже од името и идентитетот ако сака да продолжи со евроатланските интеграции.
Неколку дена откако јавноста дозна за тајниот документ на Европската Унија во кој Бугарија вметнала барања наместо македонски Македонија да користи „јазик на државата“ и барањето земјата да се откаже од своето малцинство националниот координатор со мистериозен твит кој може да биде соодветен одговор на бугарските власти кои во втората светска војна беа дел од фашистичката оска.
Бугарскиот премиер Борисов во повеќе наврати зборуваше за проблемот со макеоднскиот јазик кој Бугарија не го признава а неговата влада изгласа и документ со кој се оспорува самобитноста и посебноста на македонската нација која Софија инсистира да ја поврзе со бугарскиот народ до 1944 година.
Европратеникот Андреј Ковачев заедно со голем број бугарски политичари и научници е многу јасен кога често пати говори за вештачка македонска нација која само поради притисокот од Србија се одделија од матичниот бугарски народ.
Индикативен е и зборот „Софашисти“ што го дава Забрчанец а кој се користи во делови од бугарската историографија кога сака да се опише бугарската улога во втората светска војна.
Бугарија од втората светска војна упорно се обидува на светот да му објасни дека таа самата не била фашистичка туку „софашистичка“ држава која морала да биде во фашистичкиот лагер иако има огромен број документи и фотографии кои укажуваат дека бигарските власти меѓу 1940 и 1944 година со гордост прикажувале дека се дел од „тројната оска“.
Неретки се и фотографиите во кои се гледа како бугарските политичари и офицери поздравуваат со фамозниот поздрав на Адолф Хитлер „Хајл Хитлер“.
Забрчанец 24 часа по твитот не дообјаснува на што точно мислел кога проговори за фашистите и „софашистите“.
Ајде станете фашисти, вода треба да носите на софашистите.
— Zabrcanec (@Zabrcanec) April 27, 2020






