Ковачевски на денешниот прес не му одговори на новинарот кој му подметнал во Договорот со Бехтел 60 часа работна недела, што Уставен суд веќе го укинал. Премиерот ја префрли вината на група пратеници од СДСМ и ДУИ на кои демек сами им текнало, без знаење на владата, па предложиле 60 часовна работна недела.
Ова го објавува шефот на парламентарната комисија за надворешна политика пратеникот Антонио Милошоски според кого Ковачевски направил предавство кон своите пратеници пред Велигден.
,,Каква политичка кукавица од премиер. Си ги мести кривично да одговараат пратениците што го гласале и тоа симболично го прави на денот на предавството, Велики Четврток”, пишува Милошоски за Ковачевски.
Уставниот суд уште лани донесе одлука дека зголемување на работната недела над 40 часа е неуставно.





