Министерката за образование Мила Царовска на својот последен пост на Фејсбук добива стотина коментари од кои над 90 % се контра нејзината идеја за укинување на печатени учебници.
“Учениците имаат потреба од современи алатки, кои за период од 20 години ќе им бидат потребни за да можат да се справуваат со предизвиците со кои тогаш ќе живеат.
Продолжуваме силно да работиме на реформа на образованието фокусирана на потребите на учениците”, пишува Царовска споделувајќи текст во кој не се откажува од своите идеи за реформа на образованието кои не ги прифаќа најголем дел од родителите и граѓаните.
Царовска воопшто не објаснува за дилемите што ги имаат коментаторите на нејзниот пост.
“Госпоѓо Царовска, доколку сте родител слободно скинете ги учебниците и дигитализирајте си го сами образованието НО НА ВАШИТЕ ДЕЦА ВО ВАШИОТ ДОМ, А НАШИТЕ деца се НАШИ И ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС не е ВАШ туку на НАШИТЕ ДЕЦА и НИЕ сме тие што одлучуваме , СТОП ЗА ОБРАЗОВАНИЕ БЕЗ УЧЕБНИЦИ”, пишува во една реакција на Царовска.
Вакви слични но и коментари во кои Царовска се напаѓа уште пожестоко има уште стотина само на оваа нејзина јавна реакција.
Линк до објавата на Царовска со сите коментари
https://www.facebook.com/153058271906889/posts/886279948584714/