Геровски до Пендаровски: „Вака не се зборува ни во биртија…“

„Бидејќи и јас сум убеден дека во Препораките, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што се отстапува од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката, веројатно сум еден од оние за кои Пендаровски вели дека “нема спас”“, пишува на фејсбук новинарот Бранко Героски по изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски кој на овој начин ги опиша сите оние – 100-тина научници и голем дел од јавноста – кои не му веруваат на македонскиот тим од историската комисија.



„ Инаку, непријатно сум изненаден од ова ниско ниво на комуникација што сака да го наметне шефот на државата со претставниците на академската заедница. Вака не се разговара ни во биртија…“, забележува Героски