Героски: Ковачевски, Ахмети и Мицкоски договорете се да ја спуштите топката

Одлучното „не“ на премиерот Димитар Ковачевски на францускиот предлог требаше да предизвика стабилизација на домашната политичка сцена, но наместо тоа, еве, гледаме нови тензии и жестока вербална војна меѓу клучните политички актери.



Вчерашната тепачка во Собранието, во која во главна ролја беа пратениците Арбер Адеми и Антонио Милошоски, е само последниот во низата инциденти во парламентот, кои беа прочитани како симптом на една многу сериозна и подлабока политичка криза на повидок – пишува новинарот Бранко Героски за Плусинфо и продолжува;

Таа криза е поврзана со проблемите на Македонија на меѓународен план. И тој факт ја усложнува и ја прави уште поопасна.

При тоа, редно е отворено да кажеме дека во дел од јавноста се засилува и екстремно вознемирувачката перцепција дека политичарите Албанците се тие што ја „продаваат“ Македонија и во спорот со Бугарија ја држат страната на Софија. Не велам дека тоа е така, но таа приказна се шири како вирус и тоа е факт пред кој не смееме да ги затвораме очите.

Обвинувањата на сметка на „хистеризираната јавност“ и за наводните „хибридни напади“ се контрапродуктивни. Не очекував премиерот Димитар Ковачевски нетактички да заигра на таа изветвена карта, особено по неговата успешна партија во Брисел.

И секако, не очекував министерот за надворешни работи Бујар Османи, во една испровоцирана Фејсбук пресметката со својот претходник Никола Димитров, онака брутално да открие две клучни слаби точки на македонската преговарачка позиција, наследени уште од времето на Заевата влада – согласноста Илинденското востание да се преименува во „Илинден Преображение“ и обврската до 2019 година да се најде решение за Гоце Делчев.

Целиот текст на следниот линк:

https://plusinfo.mk/kovachevski-ahmeti-i-mickoski-sednete-vednash-na-masa-i-dogovorete-se-da-a-spushtite-topkata/