Директната порака „во 4 очи“ од холандскиот амбасадор до лидерот Али Ахмети, дека „по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на С. Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар“, ги вознемири првите луѓе на оваа партија, оценува новинарот Бранко Героаски во колумна на Плуссифо.
Јан Коп отиде кај Али Ахмети и му кажа дека Македонија не влегува во ЕУ со ваква корупција
„Веројатно поради општата перцепција дека во овие две години ДУИ е најголем виновник за тој пад. А и поради фактот дека Коп сфатил кој е газда во оваа куќа и со кого треба да разговара за вакви чувствителни работи.
Тоа секако не е премиерот во заминување Димитар Ковачевски, кого дури и министрите Фатмири не го есапат за сериозен партнер – ја напуштаат говорницата кога има непријатни прашања (Битиќи), го караат да не држи предавања (Меџити), или му сугерираат што да каже за да не се збуни („како и до сега“, Али Ахмети).
Со својата прецизна и остра изјава, амбасадорот на Холандија упати уште една порака до ДУИ – дел од западните земји знаат кои се главните Шојиќи во оваа земја!
Не е случајно тоа што прв, изненаѓен и увреѓен, изјавата на Коп ја критикуваше шефот на дипломатијата Бујар Османи. Тој се обиде да го искара холандскиот амбасадор, велејќи му дека „блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина за неможноста за постигнување европски стандард за владеење на правото“.
(…)
Народски кажано, вели Героски „Шоиќите“ (луѓето од ДУИ-н.з.) уверуваат дека во оваа земја помалку ќе се краде и ќе има помалку корупција, партизација и кошкање на непослушните тогаш кога ЕУ ќе ги деблокира преговорите со Македонија. Пред тоа – не бива.
На Бујар Османи, од разбирливи причини, му е незгодно да каже кој главниот виновник што ЕУ ги блокираше преговорите со Македонија.
Тој и оној јадник Бојан Маричиќ останаа последните труби на пропагандата за европската фатаморгана за Македонија, за „иднината“ што ја загрозувале македонската опозиција, руската пропаганда, српскиот свет, хибридните закани, вештачката интелигенција и сите други локалнио и глобални зла на човепштвото, кои нашле уточиште баш во малата Македонија“, вели Героски.





