Фалениот македонски премиер на овие избори изведе лупинг досега невиден во поновата европска политичка историја. Локалните избори тој ги прогласи за референдум, се закани дека ќе поднесе оставка ако изгуби, доживеа катастрофален пораз, потоа поднесе оставка и на премиерската и на партиската функција и сега се бори како да остане премиер. Како ништо да не се случило, пишува влијателниот новинар Бранко Героски во текст со наслов „Лезетот на демократијата е да научиш да мочкаш во нокшир и да не цмиздриш!“.
Во колумната Героски прави споредба на политичките искушенија меѓу Заев и холандскиот премиер Марк Руте кој утре доаѓа во посета на Македонија, при што поентира дека „седум месеци холандскиот премиер Марк Руте се мачи да формира нова влада. Без да си ги извалка пелените. А Зоки сака бербат да ги стори и пак да биде премиер“.
„Заевата борба за опстанок во фотелјата е под секакво политичко и човечко достоинство. Неговите поддржувачи само му ги сменија пелените, му го избришаа носето и го искараа: „Во иднина, на време да кажеш кога ти се мочка, за да те седнеме на нокшир, голем си веќе да валкаш пелени“. Но, мислите дека тоа некого особено го погодува? Мислите дека Заев има чувство за осет? И срам? Ама ајде, ви се молам…“ – пишува Героски.
Целата колумна на следниот линк:
https://plusinfo.mk/lezetot-na-demokrati-ata-e-da-nauchish-da-mochkash-vo-nokshir-i-da-ne-cmizdrish/





