Човекот кој со месеци не е премиер и нема никаква формална улога во техничката влада на Оливер Спасовски измислил нов термин во теоријата на медиумите: „Контравладини медиуми“ и тоа го објкаснува со „граѓаните во демократијата се тие коишто на крајот оценуваат дали вие, контравладините медиуми, сте во право, или во право сме ние како актуелна влада“, пишува новинарот Бранко Героски, спооред кој ова е уште една од Фројдовски грешки на Заев…
„За него, владата е центар на универзумот. Сите кои ја поддржуваат и ја обожуваат, во право се. На вистинската страна се. Опкружен со армија медиумски апологети и „мотивирани“ ботови на социјалните мрежи, самонабедениот демократ и несуден добитник на Нобеловата награда за мир, во себе и околу себе произведува сė поопасна нетрпеливост кон новинарите и кон медиумите кои го критикуваат и кои му го оспоруваат монополот над вистината.
Нив Заев ги нарекува „контравладини“. Сė што не е провладино, мора да е „контравладино“. Ако има про, мора да има и контра. Ако има банда, мора да има и контрабанда. Сите кои не дозволуваат владината пропаганда да им го испере мозокот се означени како „контраши“. Иако тоа можеби и не се.
(…)
Еден стар афоризам нė поучува како се лепи етикета. Прво ќе ја плукнеш етикетата, а потоа ќе ја залепиш на човекот. А може и поинаку, прво ќе го плукнеш човекот, па ќе ја залепиш етикетата. Заев и неговата пропаганда го преферираат вториот начин. И затоа сите „контраши“ се изложени на секојдневно плукање, на една постојана и неказнета вербална агресија, на секојдневни закани, клевети и навреди од бедни Мефистофелеси кои склучиле пакт со ѓаволот, од бездарници и некадарници кои наклонетоста на лидерот и местото на неговата софра (или и под неа, ако е преполна), го заработуваат со катадневно и упорно етикетирање на „контравладините“.
Младиот Фуркан знае што го чека. Ако не знае, ќе научи. Ќе мора да плати висока цена, затоа што децата Заеви плачеле кога читале што се пишувало по портали за нивниот татко… “





