Падна Владата.
СДСМ е во распад.
Но, беше тоа единствениот начин Заев колку-толку достоинствено да го преживее поразот на локалните избори. Мораше да ја преземе одговорноста за дебаклот. За да не биде избркан на клоци и од Илинденска и од Бихаќка …
Откако ги киднапираше својата партија и Владата, тој ја киднапираше и кампањата, а локалните избори ги претвори во референдум, на кој граѓаните гласаа за или против Зоран Заев.
Каква глупост!
Непредизвикан од ништо и од никого, единствено можеби од својата нарцисоидност, Заев реши да се коцка со својата политичка кариера, но и со Владата и со СДСМ.
Ол ин! Извика тој гласно на сцената.
И изгуби сè. Народот му прати јасна порака – Зоки, време е да си одиш!
Или, како што беше напишано на онаа табла во Муртино – Зоки, ела си дома, не се бруки!
Првата порака од народот, онаа на 17 октомври, кога СДСМ всушност ги изгуби изборите, Заев не ја разбра. Излажа дека ја разбрал.
Гејм чејнџ! Мало сутра!
И затоа сега, после стравотниот дебакл, тој мораше да отстапи. Додека има каква-таква отстапница …
Во последниве недели и месеци, во повеќе колумни и јавни настапи, пишував и говорев за политичките гревови на Зоран Заев. Искрено, денеска немам волја да се повторувам.
Им го отстапувам просторот на неговите довчерашни апологети – ама буквално довчерашни, хаха! – кои од денеска панично фаќаат некаков нов „агол“, некое спасоносно ќоше во кое ќе ја скријат својата координирана и неодржлива одбрана на агресијата и на злобата со која самонаречениот „прогрес“ требаше на овие избори да се обедини и да го уништи „злото“.
Каков идиотски наратив, какво промашување!
О, како само овие амеби сега ја фалат оставката на Заев!
Целата колумна на Бранко Героски
https://plusinfo.mk/alo-drugarchi-a-ne-go-ostava-te-sega-zoki-sam-a-de-site-gitla/






