Во последната „рекетарска сага“, новинарот Бранко Героски воведува нови ликови покрај главниот јунак вонеговите приказни, Коки, кои учествуваат, како што вели,м во матните зделки и обиди за изнудување пари од бизнисмени, газди, градоначалници.
„Интересно е дека во овој проект, како своевиден декор – не како рекетар, туку како некаква гаранција за успехот – повторно е активирана една стара соработничка на Коки од неговите измамнички потфати, една инфлуенсерка која во оваа прилика ќе ја наречеме Лики. Патем речено, уште се раскажува една стара измама, кога Коки и Лики успеваат да „обработат“ една овдешна локална газдарица и да ѝ лапнат неверојатни 300.000 евра. Сфаќајќи го ризикот во зделката, Коки се извлекува да не потпише договор и ја наведува Лики да го стави својот ценет потпис – работата завршува така што сопственичката успева на наивната Лики да ѝ ја блокира трансакциската сметка.
И ете, Лики пак е во игра, како ништо да не научила од сопствената грешка… “, пишува Героски.
Лики е втор женски лик во приказните покрај веќе споменуваната Фрики:
„Дека Фрики, покрај Коки, можеби е клучен актер во потфатите, зборува и фактот дека и таа е предмет на една истрага што пред три недели е започната во ЕУ, а покрај Коки, веќе споменуваниот владин советник Баки, една соработничка на Коки и веќе жртвуваниот Кики, под лупа е и Фрики. Ако сум добро информиран, за оваа истрага е запозната и Антикорупциската комисија, или барем некои луѓе од оваа комисија. Некои велат дека поради ова Фрики веќе се подготвува да го напушти бродот што тоне, дури има време, ако воопшто има…“
Извор: Плусинфо





