Героски за лидерот на пробугарската ГДУ: Како да градиме мостови кога навредувате

Новинарот Бранко Героски реагира на навредите кон Блаже Конески упатени од лидерот на пробугарската партија ГДУ Петар Колев која на последните парламентарни избори освои околу 2000 гласови во цела Македонија.



Героски се чуди како да се дојде до пријателство меѓу двата народи и држави кога од бугарска страна се упатуваат навреди за луѓето кои се највредни за Македонците.

,,Јас навистина не знам како мислат овие луѓе да градат „мостови на пријателство“ меѓу Македонија и Бугарија и вака да нѐ навредуваат, да нѐ нарекуваат полуписмени (писмените они!) и да ги навредуваат Конески и сите луѓе кои значат нешто за Македонија. Како да се разговара со вакви луѓе, кои ги негираат македонскиот јазик, македонската азбука и македонскиот идентитет?”, пишува Героски.

Какви наведи упати Петар Колев до Македонците

Колев од ГДУ: Македонците се полуписмени благодарејќи на џуџето од Небрегово Блаже Конески