Ова е прв одлучен и жесток удар против „бомбашкиот рекер“, вели новинарот и уредник Бранко Героски по информацијата за приведувањето на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец.
„ Како што е познато, јас веќе со недели водам своевидна медиумска војна со ова зло, поради што бев изложен на многубројни навреди и атаци. Сето тоа ќе се заборави.
Сега ги повикувам жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот. Доста молчевте, господо бизнисмени, додека безобѕирно ве толчеа. Со или без путер на главите, време е да пеоговорите. Апелирам и моите колеги новинари да го прекинат заветот на молчење.“ реагира Героски.
Новинарот и уредник Героски објави низа колумни во кои пишуваше за случаи на рекетарство од лица од медиумскиот бизнис и политичари од владејачките структури, по што Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага по допрен глас. (ПЛУСИНФО)





