Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со опозициските партии од албанскиот блок според новинарот Бранко Героски е позитивен чекор и смелост.
Со ова се зголемува капацитетот на опозицијата за победа, оцени тој во синоќешното гостување на Канал 5.
„Јас гледам позитивно на смелоста на ВМРО-ДПМНЕ конечно да стапи во една јасна, отворена предизборна коалиција. Со тоа се зголемува капацитетот на опозицијата да направи нешто повеќе на овие избори, да дојде дури до победа што во тој круг се очекува“, оценува Героски.






