Новинарот Бранко Героски го коментира договорот за формирање влада на старо-новите партнери СДСМ и ДУИ.
„Можеби нешто и пропуштам, но општ е впечатокот дека добивката од овие избори за СДСМ како партија е мала, да не речам минорна. И победата со 46 минус 4 мандати не е за фалење, ама не се сеќавам кога во овие три децении СДСМ владеел со помалку значајни ресори. Не знам што мислат Заев и раководните кадри во партијата за ова, но јас ете мислам дека за СДСМ овој исход е здрав. Можеби некој ќе се сети дека СДСМ е тој што треба да се реформира. Пред изборите Заев на сите други им се закануваше дека ќе ги реформира, но сега, вака прописно развластен, можеби ќе дојде време токму СДСМ да почне да се занимава со самиот себе, со проблемот на недостатокот од внатрепартиска демократија и на отсуството на партиски живот воопшто“, коментира Героски во својата последна колумна за „Плусинфо“.
„Можеби сега некој злобно ќе рече – Зоки го продаде кучата… Не знам, не сакам да бидам малициозен во таа смисла. Оваа куќа, драги мои, е толку руинирана и испоганета, што добро е што воопшто и се нашол купец да ја купи, ако веќе била на продажба. Конечно, па и на прекупецот треба да му се признаат некои вештини што неспорно ги поседува“, заклучува Героски.





