Новинарот Бранко Героски е вознемирен од новиот бугарски нонпејпер – за кој не се знае ни чиј е, иако очигледно постои! – објави телевизијата Клан.
“На мое големо изненадување, во коментарот на владата на Зоран Заев, што го пренесува државната новинска агенција МИА, нема директно и јасно отфрлање на овој текст.
Тоа е страшно! Мириса, море труе на обид за срамна трговија со нашиот национален идентитет.
Ги повикувам сите Македонци, без оглед каде се, но и без оглед на нивната политичка определба или афилијација, да го вклучат алармот и да застанат во одбрана на својот национален идентитет!
Чувствувам дека е време сега, јасно и гласно, да се изјасниме дека сме Македонци. И дека ако задоцниме и ако не бидеме доволно гласни, штетите ќе бидат немерливи, а вината ќе биде наша.
Ничија друга, само наша. Моја и ваша. Не на клетниците, не на пазарџиите и на сите што тргуваат со нашиот идентитет – само наша!
Ова е страшно подметнување, драги мои!
Нонпејперот предвидува во Македонија „да се засили контекстот на мултиетничкото општество, преку вклучување и на бугарскиот наратив“. Што значи тоа?
Значи многу, овој пат навистина значи премногу!“, пишува Героски за најновиот обид за менување на идентитетот на Македонците кој не е веднаш отфрлен од Заев и СДСМ.
Целата колумна на Героски на Плусинфо





