Новинарот Бранко Героски смета дека преговарачката рамка од францускиот предлог кој го потпиша владата на СДСМ и ДУИ и внесувањето на Бугарите во македонскиот устав нема ништо да се реши.
Проблемот е во тоа што Софија ја негира македонската нација и јазик како историски феномен.
„Бујар Османи е репрезент на една политика која се сведува на тоа дека треба да се прифати се, практично се што бара бугарската страна или најголемиот дел основното од барањата на бугарската страна и на тој начин ние да влеземе во ЕУ.
Јас тврдам дека тоа е драстично погрешно и дека прифаќањето на преговарачката рамка на францускиот предлог беше погрешно.
Ве уверувам дека ќе се покаже набрзо и дека тие кои што ја потпишуваа и се приклонија кон таа рамка што ја прифатија, тие самите ќе дојдат до сознание бидејќи таа ништо во суштина не решава,. Дури и некако да се реши ова со бугарите во уставот, со тоа ништо не завршуваа – тука почнуваат проблемите“, изјави Геровски.
Проширувањето на сегашното мнозинство кое што ја подржува владата е со идеја да се купи време од двете партии на власт СДСМ и ДУИ до редовниот термин на изборите 2024 година, со надеж дека ќе се дојде до фамозното мнозинство од 80 плус 1 пратеник за да се изгласаат овие уставни промени.
Математички и тоа не обезбедува двотретинско мнозинство, што значи дека нема двотретинско мнозинство“, вели новинарот Бранко Геровски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.






