Героски со шокантни документи за корупција и злоупотреба на правосудството на највисоко ниво

Новинарот Бранко Героски кого лидерот на СДСМ го нарече суетен открива индиции за нова корупциска афера во која се инволвирани највисоки државни функционери.



Героски во порталот плусинфо.мк пишува за три документи поврзани со шведската компанија Диаверум која ја купила македонската фирма Диамед од кои се дознава за сериозни индиции за корупција но и директна злоупотреба на правосудниот систем за потреби на владини функционери.

Тие однапред знаеле за судски чекори кои се случувале во иднината, открива Героски.

“И еве сега, по склучувањето на првиот едногодишен договор меѓу Фондот и „Диаверум“, веројатно можеме да заклучиме дека сепак нема ништо спорно со тендерот, а ни со самата купопродажба. Јас не верувам дека велечесниот Ден Дончев би бил будала да склучи договор со фирма што пружа здравствени услуги врз основа на незаконски и криминален тендер, со странска фирма која претходно купила фирма од македонски сопственик на нелегален начин. Или и тоа е можно во Македонија?”, прашува Героски во својата колумна донкија ве води следниот линк.

https://plusinfo.mk/%D0%BA%D0%BE%D0%B7%D0%B0-%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B5-%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE-%D0%BD%D0%B5-%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B5-%D0%B5%D0%B2%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B3%D0%B8-%D0%BF%D0%BB%D0%B0/