Героски: Што навистина кажува Заев кога вели нема премиер Албанец

Кога Зоран Заев вели дека нема шанси да има премиер Албанец како што најави Али Ахмети реалноста може да биде спротивна а планот му е друг, смета новинарот Бранко Героски.



“Не може да има премиер Албанец, рече Заев. Тоа значи дека шансите да добиеме премиер Албанец се ептен големи”, вели Героски кој се води од предходните искуства и изјави на Заев кој многу често не го кажувал тоа што го мислел или правел спротивно на тоа што го тврдел јавно.