На порталот Плусинфо, новинарот Бранко Героски објави текст под наслов “Предупредувам, рекетарите сакаат да ги злоупотребат ОЈО и ЗНМ за да ме замолчат – тоа нема да им успее!” со кој ги повикува надлежните органи да го расчистат скандалот со рекетирање на бизнисмени од страна на еден телевизиски медиум близок до власта и луѓе од врвот на владејачката партија…
Тој вели дека е цел на закани што е доволно надлежните органи да посериозно да се занимаваат не само со расчистување на случајот со рекетирање, туку и да се обезбедат нормални услови новинарот да ја врши својата функција.
„Откако не успеаја да ме замолчат со клеветнички напади преку неколку наши парапортали, рекетарите поврзани со еден наш медиум ги повикуваат на помош Основното јавно обинителство и Здружението на новинарите на Македонија, тврдејќи дека мојот серијал за рекетарската багра бил, всушност, рекетирање?!
Да потсетам и да прецизирам. Во ниту еден од моите написи за нашите фиктивни јунаци Коки, Кики и компанија, не се спомнува конкретен медиум. Сите имиња на личностите се измислени. Сите себепрепознавања се надвор од мојата одговорност. Тоа е позната литерарна постапка, кога се пишува за вистински настани, но со измислени ликови“.
Целата колумна на Героски на следнит ЛИНК





