Героски: Портал на Џабир Дерала шири лажни вести за имот

Новинарот Бранко Героски објави дека против него се води хајка со лажни вести од страна на провладините медиуми под контрола на Бихаќка.



“Забележувам дека порталот Фронтлајн, по примерот на некои други парапортали и опскурни фигури ангажирани од пропагандата на СДСМ, настојчиво пројавува интерес за мојот недвижен имот.

Така, во еден текст објавен на 12 мај годинава, авторот Рибаро шири дезинформации за мојот имот – зборува за “сите негови станови во Скопје” и за “неговиот стан во Охрид”. Се мисли на некакви мои станови”, пишува Героски.

Новинарот поднесол жалба до СЕММ за овој текст и ја информирал Комисијата за жалби дека поседува само еден стан во РСМ (во Скопје, во Охрид немам стан). Ја доставил и адресата на стан, која, од разбирливи причини, не ја објавува јавно.

“Во мојата жалба упатив и покана до уредникот на Фронтлајн, Џабир Дерала, да ми се јави со цел изворно да го информирам за сė што го интересира во врска со мојот имот – спремен сум да му ја изложам не само мојата, туку и имотната состојба на сите членови на моето потесно семејство.

На тој начин би сакал на порталот Фронтлајн да му помогнам да престане да шири лажни вести за мене. Не доликува портал кој претендира на минимум професионалност, да шири лажни вести, без никаква проверка. Злонамерноста на авторот, која е очигледна, не ја коментирам.

Јас немам што да кријам. Сè што имам суж заработил со својот труд и чесно, а од државата немам ништо земено”, пишува Героски.

До неговата објава, Фронтлајн, уредникот Дерала или авторот на лажните вести не му се извиниме јавно на Героски.

Џабир Дерала беше говорник на протест организиран од СДСМ кога оваа партија веќе беше во владата.