Героски не се чувствува сосем безбеден како новинар

„Јас сум навикнат на притисоци, на провокации, на закани, на секојдневни навреди и клевети. Навикнат сум на нешто што е лошо. Таа своја навика ја користам да го издржам оној притисок кој сега го чусвтвувам, во време на, нели, промени.



Но, во секој случај не би рекол дека се чувствувам доволно, до крај, безбеден и комотен да го правам она што сакам да го правам, односно да ја употребувам својата слобода на изразување, па и до степен на неумерена критика“, вели во интервју за Гласот на Америка новинарот Бранко Героски кој изминативе денови објавува серија текстови за, според него, рекетарска банда, која уценува и изнудува пари, а која ја сочинуваат личности на кои тој има дава прекари Коки, Кики, Мики, Фрики…

„Морам да го користам овој езоповски јазик, овие скриени идентитети,односно да пишувам нешто што би се нарекло фикција, од проста причина што во овој момент не гледам интензивна акција на властите да го откријат овој очигледен случај на криминал, по допрен глас, што е обврска.

Се надевам дека тоа ќе се случи во наредните денови“, вели Героски кој, доколку истрагата стигне во некоја понапредна фаза е подготвен да проговори за вистинските идентитети.