Режимот на Заев веќе е на колена. На апарати, констатира во денешната колумна за Плусинфо новинарот Бранко Героски по денешниот обид за изгласување недоверба на владата која е осуетен од , како што вели, „закани, уцени, притисоци…Тоа е начинот на кој во моментов се прави обид да се спречи јасно изразената волја на мнозинството пратеници на владата на Зоран Заев да ѝ се изгласа недоверба“.
Еден пратеник подлегнал на притисоците. Киднапиран е. Метафорично, а можеби и реално. Нека му биде. Нека бидат и двајца. И тројца… И што со тоа?
(…) А народот гледа што се случува – вели Героски.
„Народот знае дека гласот за Зоран Заев е глас за „независното суство“. Кое пак се спогоди со Зоки Кичеец. Гласот за Заев е глас за Кичеец.
Знае народот дека гласот за Заев е глас за Венко Филипче. Глас за отсуството на одговорност за пожарот во тетовската ковид болница, во кој загинаа 14 лица. Можеби ќе ве интересира
Знае народот дека гласот за Заев е глас за власта која нè остави во енергетска криза. Гласот за Заев е глас за рестрикции на струјата.
Знае народот дека гласот за Заев е глас за човекот кој рече дека Албанците не вредат ни пет банки на политичкиот пазар.
Народот знае. Покажа дека не простува така лесно. Казнува. И допрва ќе казнува’, пишува Героски.







