Новинарот Бранко Героски во денешна колумна го советува премиерот да не ги повтори кадровските грешки од минатото и пред најавената чистка во администрацијата и во партијата „со кодно име ‘Метла’“, како што вели, да обрати внимание на три нешта.
„Те советувам да избереш способни и чесни луѓе. Такви што не можеш да ги купиш со пари. А се изнакупувавте луѓе со пари и ситни привилегии во овие две години. Промашени инвестиции, фрлени пари се тоа, пријателе. Верувам дека во твоите семејни фирми не ги купувате луѓето на таков начин, дека не котите лојални будалетинки, туку вредни и способни работници. Инаку би пропаднале за три дена.
А, ако сакаш верност и лојалност, купи си куче и – нема да згрешиш“ вели Героски во еден од тгрите совети.
Целата колумна на „Плусинфо“




