Еве, Зоки, најдов малку време да ти пишам писмо, на крајот на овој тежок викенд.
Значи, бидна и таа работа. La commedia e finita. Оставката во СДСМ е прифатена. Честитам – пишува новинарот Бранко Героски во колумната со наслов „Писмо до кандидатот за ебиветер во грбот на СДСМ“.
Јас и ти стасавме до крајот на една приказна. Тажна приказна е тоа, другарче. Требаше да биде славна, а испадна тажна.
Дојде време да ти го кажам словото.
Пред тоа, да те пофалам малку. Добро е што конечно реши да се повлечеш. Она со одложувањето на оставката ти беше гранде заеб. Убаво ти напишаа на таблата во Муртино – ела си дома, Зоки, не се бруки!
Ако се точни моите информации, на седницата на Извршниот одбор, на која Оливер, Петре и другите наводно држеле говори со апели да останеш „врзивно ткиво“ во СДСМ, ти си подвикнал: „Доста е глупирање!“ Ако навистина било така, тоа значи дека знаеш дека на сите веќе им тежиш. Ко сидрото што го џитна да влече напред, ти текнуе? – пишува Героски.
Целата колумна на следниот линк:





