Героски му одговори на Спасов: Фати ми се за суетата и држи ја цврсто

Новинарот Бранко Героски кој го објави ,,пеколниот план” на Зоран Заев за враќање во политиката му одговара на професорот Ѓорѓи Спасов кој беше единствен кој реагираше на написите според кој Заев сака да го урне Ковачевски.



Героски ги негира тврдењата на Спасов кој е татко на Никола Спасов , сопственик на агенцијата Рејтинг која добива голем број на тендери вредни милиони од владата на СДСМ.

,,А еве го професорот Ѓорги Спасов.
Прво да му ја разјаснам основната работа – на Заев многу сум му помогнал и мојата поддршка од него никогаш не била одбиена. Напротив.

А финтите со тоа “суетен новинар” не палат. Во мојот напис за пеколниот план на Заев спомнав повеќе имиња на луѓе од СДСМ и раскажав што се случувало на еден важен состанок на раководството на партијата. Тие луѓе евентуално би можеле да ги негираат моите наводи, а не Спасов.

Но, тоа нема да се случи. Бидејќи напишаното е проверено кај повеќе извори. Од прва рака.
Истото важи и за она што ќе го објавам утре.
Така што, профа, фати се ти за мојата суета и држи се цврсто. Ако сум суетен, важно не сум она другото што спомна Заев. Она на “п”, му одговара Героски на еден од неформалните идеолози на СДСМ.

На што реагира Героски

Молк на Бихаќка, само екс министер татко на човек што од СДСМ добива милиони го нападна Героски (ФОТО)

Што објави Героски првично

Плусинфо со нови детали за пеколниот план на Заев за пресметка со Ковачевски