Новинмарот Бранко Героски реагира на вчерашниот „перформанс“ на министрот за надворешни работи, Бујар Османи кој во стил на средношколски наставник, со цртање на табла се обиде на македонската јавност да ѝ објасни што значела преговарачката рамка со ЕУ, односно колку се безопасни секоојдневните закани за блокада на македонските евроинтеграции што доаѓаат од Софија.



„…немојте на јавноста да ѝ кажувате дека многубројните софиски уцени и обиди за негирање на македонскиот идентитет, кои произлегоа од активностите по склучувањето на Договорот за добрососедство и по потпишувањето на двата протокола (еден е со ваш потпис), нема да бидат тема на преговорите меѓу Скопје и Брисел“- пишува Героски.

„Немојте, затоа што така ширите лажни вести и евтини спинови, а јас би сакал да верувам дека тоа не е вашата намера.

Немојте, затоа што овој однос ги навредува чувствата на македонскиот народ. И мене лично ме навредува. Ние Македонците не сме неписмени, за вие на табла да ни цртате што е што и така да нè убедувате дека немаме причини за загриженост.

Тоа е непристојно, господине Османи!- му порачува долгогодишниот новинарот на министерот.