Веднаш по новата мистериозна “приказна” на новинарот Бранко Героски на Твитер се појавија информации за висок функционер на УБК а сега на Агенцијата за Национална Безбедност и брачен другар на дел од пратеничката група на СДСМ.
Од информациите на Героски и профили на Фејсбук и Твитер може да се претпостави новата Рекет афера што наскоро може да ја потресе Македонија.
“Колку што знам јас, Бекам не украл од УБК компромитирачки снимки на познат скопски бизнисмен со малолетнички и потоа не убедувал роднина на бизнисменот да плати рекет кај Боки во вид на… Ај да оставиме детаљите други да ги откријат. Важно, рекетот е уредно платен”, напиша Героски кој предходно докажа дека неговите “приказни” имаат сериозна основа во реалните криминални и политички кругови во земјата.
Героски дополнително открива дека некој на Боки 13 му пратил СМС порака дека некого “многу обрал”.
Во меѓувреме на оваа тема и пост на пратеникот Антонио Милошоски кој на Јавното Обвинителство му сугерира да се обрати до премиерот Заев ако сака да ги декодира јавните пораки.
“Кодираните објави на новинарот Героски, заедно со дојавите од другите социјални мрежи, даваат сериозни индикации за злоупотреба на службената положба од страна на висок функционер во МВР (сопруг на пратеник од СДСМ во Собранието), со злоупотреба на прислушкувани снимки од СЈО/УБК за изнуда на големи пари од бизнисменот **** ******* преку проектот “Рекет”.
Доколку на обвинителката Рускоска и треба помош во толкувањето на пораките и случајот, истата може да ја добие лично од премиерот Заев, кој слушам дека бил многу добро упатен во деталите од овој случај и потребно е да даде исказ!”, пишува Милошоски.
Вредноста на платениот рекет според неофицијалните информации е во висина од 800 илјади евра.
Најголем дел од приказните на Героски во врска со случајот Рекет се покажаа како точни.





