„Што дочекавме… Зоран Заев да нѐ учи што било национализам, а што патриотизам“, реагира новинарот Бранко Героски на интервјуто на поранешниот премиер Зоран Заев за Академската мрежа за поддршка на политиката на ЕУ кон Западен Балкан во кое изразува загриженост дека национализмот можел да ја уништи неговата земја од внатре.



„Така вели Заев во последното интервју. А, уште му е тешко да каже која е таа негова земја. Мисли на онаа иста земја и на оној ист народ за кои „патриотов“ рече дека постојат од 1945 година наваму?

Заборавил Заев кога последен пат го изустил зборот Македонија“ пишува Героски во денешната колумна за Плусинфо

„Провокациите и националистичката реторика – вели Заев – можело да им обезбедат на премиерите на Грција и на Бугарија доволно причини да преземат мерки против нас, за да го заштитат нивното достоинство и гордост“.

Бидејќи, според Заев, само тие во Грција и во Бугарија имаат достоинство и гордост. Ние во „нашата земја“ немаме такво нешто. А немаме и премиери кои ќе преземат мерки против провокациите и националистичката реторика на другите.

Ние, нели, сме – наведната глава сабја не сече“, иронично забележува Героски.

„Северна Македонија – вели Заев Северномакедонецот – е горда на нашата историја, но она што е најважно е иднината. Иднината е нешто што треба да го гарантираме и да го подобриме“.

Ма немој! Иднината, демек, нема да дојде ако не ни ја гарантира Заев.

(…)

Затоа денес сме на удар на софиската антимакедонска пропаганда на дневна основа.

Во оваа земја се повампируваат фашизмот, ванчомихајловизмот, поделбите и црнилата од минатото.

Кога Македонците ги слават своите преродбеници и револуцинери, тоа се смета за провокација.

Не е пожелно да се спомнуваат ни жртвите на фашизмот. Химната и нашите свечени песни се цензурираат и се ретушираат.

А странциве… Кој како ќе му текне може да дојде во Скопје и да нѐ нарече – Северномакедонци.

Toa ли е таа иднина што ни ја гарантира Зоран Заев? Е, нема да може!

Мало сутра, друже Заев! – му порачува Героски.

Колумната на Героски на овој ЛИНК