На новиот лидер на СДСМ и нов премиер – кому и јавно му посакав успех и кој од мене секако ќе добие еден период на мир за успешно прилагодување на новата функција, но и поддршка за некои клучни прашања, доколку работи одговорно и принципиелно – еве по втор пат би сакал да му порачам сериозно да поразговара со својот пи-ар тим. Прв пат тоа го сторив пред некој ден, на Фејсбук, после едно прилично безобразно коминике, во кое владата нервозно и нетрпеливо полемизираше со медиумите кои го критикуваа начинот на кој беше интонирана македонска химна при посетата на премиерот на Бугарија – пишува во својата последна колумна на Плусинфо, Бранко Героски.
Тој не верува дека пи-ар тимот што Ковачевски го наследи од својот претходник, воопшто може да понуди идеи и наративи за еден поинаков, модерен пристап на новиот премиер кон медиумите и кон јавноста.
-Јас само ќе го потсетам дека тој ист лузерски пи-ар тим постојано го „хранеше“ поранешниот премиер Зоран Заев со здодевни и неуверливи наративи, меѓу кои беше и приказната за наводната контрола на будимпештанецот Никола Груевски врз актуелната политика на ВМРО-ДПМНЕ.
Секој што ја слуша таа приказна си ги поставува истите прашања – а кој го пушти Груевски да избега од Македонија, каде е тука одговорноста на тогашниот и сегашен министер за внатрешни работи, до каде е истрагата? Итн. И така тој наратив на неталентираните и скапо платени сдсмовски пиарчии на премиерот му се враќа како бумеранг. Или, како што вели народот, со свој камен по своја глава…- додава Героски.
Целата колумна на следниот линк:
https://plusinfo.mk/vremeto-na-kurchot-pomina/





