Веројатно пи-ар стратезите на Илинденска бб се убедени дека успеале да го спасат премиерот Димитар Ковачевски од новата бугарска провокација, овој пат на македонска почва, кај нас во Битола. Неговиот бугарски колега Кирил Петков и бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска го промовираа ликот на фашистичкиот квислинг Ванчо Михајлов во нов софиски бенчмарк во разбирањето на таканаречената заедничка историја.



(…)

Јавно го повикувам премиерот Димитар Ковачевски да се огласи во врска со настанот во Битола. Мене, а верувам дека и на сите во Македонија, ни е важно да слушнеме што мисли нашиот премиер за заедничката историја и за улогата на фашистичкиот квислинг Ванчо Михајлов“, повикува новинарот Бранко Героски во колумна за Плусинфо.

„Ова е важно и поради фактот што клубот во Битола не е прва, туку втора по ред институција на Бугарите во Македонија која е именувана со името на Михајлов (Радко). Тоа укажува дека Бугарите во Македонија, за кои утре Ковачевски можеби ќе бара место во македонскиот Устав, го доживуваат фашистичкиот квислинг за свој идол.

И дека можеби ревизијата на историјата поврзана со него и со Втората светска војна ќе биде материјалот со кој бугарското малцинство во Македонија има намера да го ѕида мостот на соработка, мостот за кој на свеченоста проговори и премиерот Петков.

Има збор другарот Ковачевски. Го молам да повели на говорницата“, му порачува Героски на премиерот.