Новинарот Бранко Героски ја предупредува обвинителката Вилма Рускоска да биде „внимателна“ при откривање на фамозните 750.000 евра за кои три лица даваат три различни изјави:
„Мицевски вели дека парите не ги платил како авторски хонорар, туку на сметката на Меѓународен сојуз. Хмммм…
Бабата на чија сметка биле уплатени парите сведочеше дека ги подигнала и дека потоа некоја жена и ги зела.
Арафат Муареми од Финансиската полиција јавно изјави дека порано ја испитувале трансакцијата на сметката на бабата, но дека не нашле ништо сомнително“ вели Героски и додава:
„Имам впечаток дека некој овде опасно лаже, а можеби и фејкува документација. Се надевам дека обвинителката Русковска е внимателна. Зашто, станува збор за 750.000 евра, за кои се уште не се знае кај се“, напиша на Фејсбук Героски.





