Героски: Ќе „пропеат“ ли Јанева и Боки 13-ка за „рекет“

„… Постои само еден логичен одговор на прашањето кој ја штити Катица, одговор кој е близок до она што се слуша во кулоарите – Катица ја штити Катица!



Имено, има шпекулации дека Јанева испраќа пораки дека во случај да мора да им се придружи на Боки и на Кичеец, таа има намера „да проговори“, со цел и други да повлече со себе во бездната“ пишува во денешната колумна на „Плусинфо“, новинарот Бранко Героски, кој го обзнани скандалот „Рекет“

„Дали изјавата на премиерот дека никој нема да биде привилегиран и амнестиран во борбата против корупцијата, е најава дека истрагата за аферата „Рекет“ конечно ќе се интензивира? Ќе добиеме ли одговор на прашањето зошто Катица Јанева не е на списокот на осомничените? Дали и за што се виновни соработничките на осомничениот Јовановски, госпоѓите Мандиќ, Дика, Кухар и Тодоровска, од невладината организација Меѓународен сојуз? Ќе „пропее“ ли Боки 13-ка“, прашува Героски.

Колумната на Героски на следниот ЛИНК