Героски ја отфрла порно историјата на Зиков за Цвета и Осман Бег

Бранко Героски смета дека тезата на екс новинарот а сегашен директор на државната МЕПСО Љупчо Зиков, за Цвета која била вљубена во Осман бегот и всушност избегала од Спасе, е идиотска per se.



“Да се каже дека една нација може да биде членка на Европската унија, или дел од модерната западна цивилизација воопшто, само ако се „ослободи“ од митологијата, е исто како да се каже дека Грција, на пример, не може да биде европска и цивилизирана земја сè додека не се откаже од својата античка митологија. Која, патем речено, е светско културно наследство.

Знаете ли што значи тоа?

По логиката на Љупчо Зиков, кој „открива“ дека Цвета од „Македонска крвава свадба“ можеби не била грабната туку „своеволно“ го напуштила Спасе и отишла кај Осман-бег, та дека затоа треба да се соочиме со можноста Војдан Чернодрински да ни сервирал ординерна лага, Грците и сите ние на кои ни е блиска старогрчката митологија, би морале да се откажеме од Хомеровата „Одисеја“, бидејќи на сите ни е јасно дека Тројанската војна сепак не се водела за тоа кој ќе ја добие преубавата Елена Тројанска, туку за контрола на важните поморски патишта и за превласт во тогаш познатата светска тровија.

По логиката на самопрогласените „прогресивци“ од социјалдемократска провиниенција, Грците и сите ние мора да се откажеме од сите антички митови, легенди и ликови, од Одисеј, Зевс, Посејдон, Прометеј, Пандора, Афродита, Икар и Дедал, од Медеја и од многу други. Бидејќи Зиков имал право да се сомнева дека зад сите тие „новели“ (така ги нарекува) можеби се кријат и некои други „сценарија“. Како сценариото за Цвета ороспијата…”, пишува Героски за изјавата на Зиков која вџаши многумина.

Целата колумна на овој линк на Плусинфо.мк