Новинарот Бранко Героски со свое мислење за заминувањето на Венко Филипче од челната позиција во Министерството за здравство.
„Ќе беше и хуман и политички гест да даде неотповиклива оставка порано, на пример по трагедијата во модуларната болница во Тетово.
Што доби Филипче со одолговлекувањето? Ништо.
Сега сите знаеме дека ресорот здравство ѝ припаѓа на Алтернатива.
И да сака, Филипче веќе нема да може да биде министер. Не е во пазарот на Заев.
Како и да е, политиката нема ништо да изгуби со неговото откажување, а здравството може само да добие“, пишува Героски.
„Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Се враќам на мојата основна професија, како неврохирург во Клиничкиот центар“, изјави Венко Филипче за ТВ 24.






