Новинарот Бранко Героски го подучува премиерот Зоран Заев кога, од кога и во кои прилики треба да се користи новото име на државата.
„Друже Заев, ајде убаво да си се договориме, за да не бидеме смешни пред себе и пред светот.
Нашата земја официјално се вика Република Северна Македонија од денот на изгласувањето на уставните промени.
Ти, друже Заев, беше избран за претседател на Владата на Република Македонија и потоа стана претседател на Владата на Република Северна Македонија. Сите други премиери и претседатели пред тебе биле функционери на Република Македонија.
Да се каже дека Борис Трајковски има било каква врска со името Северна Македонија е исто како да се каже дека партизаните се бореле за слободата на Република Северна Македонија. А и комитите и илинденците, богами“ пишува Героски во колумна за +Инфо.





