Новинарор Бранко Героски реагираше на на ФБ профилот на премиерот Димитар Ковачевски, каде тој го објави стенограмот од неговото обраќање и во кое, меѓу другото рече: „…Почитувани граѓани, Јас, Димитар Ковачевски, сум Македонец од раѓање…“
„Премиере, со должна почит кон вас, сакам да ви кажам дека ако навистина сте Македонец, а јас немам никакви дилеми дека е така, тогаш сте Македонец по потекло, а не од раѓање, како што велите. Ако сте Македонец, имате македонски корени.
Е, тоа Бугарија ви го оспорува, за тоа преговарате и ќе ореговарате со Софија, а ЕУ ќе го оценува напредокот во преговорите. Софија нема проблем вие да си бидете Макесонец од раѓање, но не признава дека вашите предци биле Македонци.
Тоа што Париз и Брисел ја прифатиле дебатата за тој дискурс на Софија е чин без преседан и голем срам за Европската Унија“ – напиша Героски.











