Новинарот Бранко Героски реагира на објавата на премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по повод одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ во која не се спомнуува името Македонија а ни – како што вели Героски – нема ни „М“ од Македонија.
Но затоа во објавата, официјалната државна прослава на Илинден се промовира под слоганот „120 години Илинден, огниште на татковината“.
Героски во подолг текст на „Плусинфо“ вели дека за прв пат во овие речиси две години откако е премиер, му се обраќа јавно и лично на Ковачевски, со критика за неговото лично поведение.
„Затоа ќе си дозволам да бидам груб и да ти порачам јасно и гласно:
Да ти се мо*ам јас на тоа твое безимено огниште!
Смени го веднаш тој глупав слоган – наместо „огниште на татковината“, напиши „нашето македонско огниште“. Барем толку можеш.
Биди патриот, човече, биди Македонец и барем во илинденскиот говор воскликни горделиво – ова е Македонија!
Без она „Северна“. Илинден е македонски национален празник и затоа не си обврзан папагалски да повторуваш „Северна Македонија“.
Јасно ли е ова?
Сакаш ли јас да ти го напишам говорот, или можеби го преферираш Пичковоно перо, можеби си инспириран од паламудењето на тој мртвозорник на македонштината, на тој лидер на антимакедонската пропаганда во Македонија, обаче и в’в Б’лгарија?
Ова е Македонија, другар Димитар Ковачевски. Илинденското востание е македонско и не е бугарско. Македонија слави 120 години Илинден.
Го разбираш ли ти тоа, премиере Ковачевски?
Не се брукај веќе!
Кажи Македонија!
Кога ако не на Илинден?






