Героски до Османи и владата: Не се брукајте!

Новинарот Бранко Героски бара владата да не се резили откако денеска министерот Османи го потпиша билатералниот протокол со Бугарија, на таа тема одржа и прес конференција на која зборуваше за некои делови од протоколот но сепак пред јавноста документот се крие веќе 25 дена.



Според Героски владата спротивно на уставот со криење на протоколот прави цензура кон граѓаните.

,,Добро, ама после брифингов на Османи, објавете го протоколот. Во целина. Можеме и сами да го прочитаме. Доста се брукавте. И не заборавајте дека Уставот ја забранува цензурата”, пишува Героски.