Героски: Да не бидеме спокојни кога Скопје и Софија преговараат…

Веќе не е тајна дека во моментов Софија и Скопје интензивно преговараат за решение на спорот. Притисокот очигледно е силен. Според она што вчера јавно го соопшти премиерот Димитар Ковачевски, до овој момент заемно прифатливо решение нема на повидок.



Ковачевски: од Запад ништо ново

Дали треба да бидеме спокојни? – прашува новинарот Бранко Героски во колумна за Плусинфо

„Не. Никако. Напротив.

Отсуството на добра волја на Бугарија да ја симне неразумната блокада за Македонија и обидот софиските уцени да станат дел од преговарачката рамка што ќе ѝ биде наметната на македонска страна со „виткање на рацете“, не ми даваат мир.

Инаку, веќе знаете дека не сум од оние кои настојуваат по секоја цена на премиерот Ковачевски да му најдат „црно под ноктите“. Не сум им го правел тоа ни на Груевски и на Заев, барем додека немало причини за такво нешто. Затоа јавно му дадов кредит на Ковачевски, кога тој одлучно се спротивстави на притисоците на бриселските бирократи и на Макрон му кажа „не“. Знам дека во дел од јавноста тоа се толкува како мој „колаборационизам“ со „предавниците“. Тоа е дел од фолклорот во нашата политика. Јас сепак сум убеден дека сега имаме троа поважна работа од тој панаѓур на суети – сега е најважно премиерот Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски да се охрабрат одлучно да опстојат на браникот на македонските национални интереси, кои се опасно загрозени.

Од двајцата очекувам да ја оправдаат довербата што им е дадена. А мислам и дека немаат друга опција.

Но, пак ќе речам, неспокоен сум, бидејќи сѐ почесто се прашувам дали Ковачевски и Пендаровски имаат одлучувачко влијание врз нашата надворешна политика, врз релациите со Бугарија и врз темите за кои преговараат министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот преговарачки тим со нивните колегите од Софија. И со кој знае уште кого…

ПОВЕЌЕ на ЛИНКОТ