Героски: Чии сте шапшали, је*о вас Дино Мерлин

Новинарот Бранко Героски индиректно критикува што наместо Дино Мерлин на дочекот за нова година во Скопје не настапувале македонски изведувачи.



“Гледав на ТВ 24 концерт. “Бела ноќ”. Прекрасни македонски шлагери. Најубави. Од “комуњарските”… ?

Добро, водителите зборуваа премногу. Поголем дел од изведувачите беа во поодмината возраст. Некои и гласот ги издаде. Сцената некако скромна. Спрема парите, веројатно…

Па што? Мене ми беше убаво. Дури и трогателно малку… Во финишот “Чија си” со Славе Димитров. Ко што личи.

Такви како мене можеби нема повеќе од 600, а? Или 6.000 можеби. Не сме 60.000, во никој случај.

Ние важно знаеме чија си, песно наша. И чии сме. И што имаме. И колку многу вреди нашето.

Је*о вас Дино Мерлин…?”, пишува Героски на Фејсбук.